Да се слуша гласот на бизнисот, дијаспората да инвестира дома
Партнерството на бизнисот и политиката ги прави промените. За да вложува во матицата, дијаспората бара владеење на правото, спречување на корупцијата за повисок економски раст. Одгласи од годинашниот самит Македонија 2025...
Државниот врв го повика бизнис- еснафот од дијаспората да инвестира, капиталот да го донесе во земјава, да го помогне развојот на вештини, младите прва шанса за личен развој да ја добијат тука. Политичка волја и услови има, за економски просперитет потребна е соработка, оцени претседателот Пендаровски.
„Македонија 2025“ има цел до 2025-та државава да стане дел од развиениот свет, но за жал напредокот е бавен- констаира менаџментот на организацијата. Дијаспората порача со партнерство да се прават промените, да се мултиплицираат успешните приказни.
Бидете креативни, создавајте бизнис, дојдете дома да им овозможите на младите напредок- ги повика успешните од дијаспората, премиерот Заев.
Иако се пожалија дека македонските компании работат во тешки услови без предвидиловост на деловниот амбиент, недостиг од стручен кадар, чести избори, домашните бизнисмени сугерираа до дијаспората, инвестиции поради профит не од патриотизам.
Подобрување на владеење на правото, постојана борба со корупцијата доследна примена на законите- потсети американската амбасадорка Барнс.
400 учесници, 50-тина говорници, 10-тина панели. Од осмиот собир на Македонија 2025 се очекуваат пораки за подобрување на животниот стандард за начините како преку нови работни места и подобра животна средина да се спречат миграциите.
Сузана Фиданска- Стоевска
