КАЛИФОРНИЈА

Крвав напад во САД, убиени двајца ученици

15.11.2019 10:14

Напаѓачот е 16-годишен ученик во училиштето, кој се обидел да се самоубие, но преживеал.

Двајца ученици загинаа во вооружен напад во едно средно училиште во калифорнискиот град Санта Кларита. Напаѓачот е 16-годишен ученик во училиштето, кој се обидел да се самоубие, но преживеал.

Нападот го извршил на неговиот роденден. Жртвите се 16-годишно девојче и 14-годишно момче, а уште три лица се повредени, од кои едното е во сериозна состојба.