Политика

Заев и Шекеринска во работна посета на Шведска

15.11.2019 10:35

Предвидено е, во рамки на работната посета, премиерот Заев да се сретне со Стефан Лофвен, премиерот на Кралството Шведска, соопшуваат од владината прес служба.

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката Радмила Шекеринска денеска е во работна посета на Стокхолм, Кралството Шведска. Предвидено е, во рамки на работната посета, премиерот Заев да се сретне со Стефан Лофвен, премиерот на Кралството Шведска, соопшуваат од владината прес служба.

Заев и Шекеринска се поканети во Стокхолм и на Конвенцијата на Прогресивната алијанса, меѓународно движење на прогресивни, социјалдемократски и социјалистички сили од целиот свет, кои се заложуваат за модерна, демократска форма на отворена соработка со фокус на одржливиот развој, социјалната правда, можностите за младите луѓе, економијата, а на којашто ќе учествуваат повеќемина премиери и претставници на влади на европски земји и од светот.

Отворени се можности и за други билатерални средби на премиерот Заев во текот на работната посета на Стокхолм, којашто започнува со неговиот шведски колега, Лофвен.