Промоција во офицерски чин на 19-та класа и заклетва на 23-та класа питомци на Воената академија
15.11.2019 09:46
На свеченоста ќе се обрати претседателот и врховен командант на оружените сили, Стево Пендаровски. Во почетен офицерски чин ќе бидат промовирани 42-ца питомци од 19-тата класа.

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, ќе се одржи свеченост по повод промоцијата во офицерски чин на 19-та класа и заклетва на 23-та класа питомци.
На свеченоста ќе се обрати претседателот и врховен командант на оружените сили, Стево Пендаровски. Во почетен офицерски чин ќе бидат промовирани 42-ца питомци од 19-тата класа.
30 од нив се од Република Северна Македонија , 12 од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Заклетва ќе дадат 28 питомци од 23-тата класа на Академијата и 31 слушател за потребите на службите во Армијата.
