Од денеска задолжително носење зимска опрема во возилата
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат возачите да ги почитуваат законските прописи и да обезбедат соодветна зимска опрема со цел безбедно и непречено патување при зимски услови на патиштата.

Од денеска почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15-ти март наредната година.
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат возачите да ги почитуваат законските прописи и да обезбедат соодветна зимска опрема со цел безбедно и непречено патување при зимски услови на патиштата.
Зимските пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Тие се погодни и безбедни за сите температури под седум степени целзусови.
Во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег. Обврската за користење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни гуми е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото, велат од РСБСП.
