ВАШИНГТОН

Помпео: САД се уште на чело на коалицијата против ИД

15.11.2019 11:44

Помпео врши притисок врз европските земји членки на глобалната коалиција против Исламска држава да ги примат назад и да ги процесуираат своите граѓани заробени во Ирак и Сирија како борци на ИД.

Американскиот државен секретар Помпео ги отфрли наводите дека САД ќе отстапат од водството на коалицијата, бидејќи претседателот Доналд Трамп сака да ги повлече трупите од Блискиот Исток.

Помпео врши притисок врз европските земји членки на глобалната коалиција против Исламска држава да ги примат назад и да ги процесуираат своите граѓани заробени во Ирак и Сирија како борци на ИД.

Ги повика учесниците во коалицијата да го зголемат финансирањето на проектот на Обединетите нации за помош и обнова на Сирија.