ДАМАСК
Сириските сили се распоредуваат во пограничната област
15.11.2019 12:17
Според информациите трупите се распоредени меѓу градовите Џавадија и Маликија, а погранична стража ќе биде поставена на шест точки во близина на границата.

Сириските сили почнаа со распоредување во области во близина на турската граница на североистокот на земјата, како дел од договорот постигнат меѓу Русија и Турција.
Според информациите трупите се распоредени меѓу градовите Џавадија и Маликија, а погранична стража ќе биде поставена на шест точки во близина на границата.
Распоредувањето е дел од договорот за прекин на огнот и се однесува на територија долж североисточната граница. По постигнувањето на договорот, Русија и Турција почнаа заеднички патроли долж турско-сириската граница.
