Политика

Силна поддршка од Кралството Шведска за европските интеграции

15.11.2019 12:34

На средбата со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Лофвен констатирал дека нашата земја направила видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите, соопштуваат од владината прес служба.

Поддршка за европските интеграции на Република Северна Македонија денеска во Стокхолм изрази премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен.

На средбата со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Лофвен констатирал дека нашата земја направила видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите, соопштуваат од владината прес служба.

„Работиме на реформите и понатаму со став дека европските перспективи за нас како држава немаат алтернатива. Во очекување сме и на заокружување на НАТО интеграциите. На нашата држава, како и на Западен Балкан и на Европа им се потребни стабилност, просперитет и развој. Потребна им е одржливост. Тоа се процеси во коишто Шведска дава водечки придонес за што сме благодарни“, порачал Заев на средбата со шведскиот премиер Лофвен.