БОЛИВИЈА
Анес: Моралес не може да учествува на изборите
15.11.2019 12:37
Анес наведе дека сака повторно да се воспостави стабилност во Боливија, но дека приврзаниците на Моралес, кој се наоѓа во Мексико, ја обвинуваат за присвојување на власта.

Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анес, изјави дека поранешниот претседател на земјата Ево Моралес не може да се кандидира на кои било следни избори, но дека истото не важи и за неговата партија.
Анес наведе дека сака повторно да се воспостави стабилност во Боливија, но дека приврзаниците на Моралес, кој се наоѓа во Мексико, ја обвинуваат за присвојување на власта.
Моралес поднесе оставка на барање на армијата, по повеќенеделните масовни демонстрации заради наводната кражба на изборите од 20 октомври.
