Компаниите ќе добијат 25% поевтина струја
Од 1 април струјата за компаниите ќе биде намалена за речиси 25 %, што ќе биде големо олеснување за индустријата, вели првиот човек на Македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев.

Од 1 април се очекува процесот на либерализација на пазарот на струја да почне успешно и да се овозможи поголема конкурентност на пазарот. Јавните претпријатија сеуште немаат потпишано договори, но се планира тоа да се заврши до крајот на месецот.
„Во просек, цените на електричната енрегија за компаниите и индустријата во Македонија се намалија за 25 проценти, мислам дека со самото тоа можеме да кажеме дека процесот на либералзиација е успешен пред се, за индустријата. Во тој дел со оглед на потрошувачката на електричната енергија и намалувањето на цените некаде околу 14 милиони евра ќе останат во индустријата на Македонија која што се надеваме ќе ја искористи во делот на инвестициите и поголема конкурентност на пазарот“, изјави Кочо Анѓушев од Македонска енергетска асоцијација.
Дијана Ценевска
