Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро
15.11.2019 12:53
Само водостојот на Дојранското Езеро е повисок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај Охридското е за еден, а кај Преспанското за 55 сантиметри понизок...

Водостојот на Дојранското Езеро е повисок за два, а на Охридското за еден сантиметар во однос на вчерашните мерења, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи.
Само водостојот на Дојранското Езеро е повисок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај Охридското е за еден, а кај Преспанското за 55 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември, соопшти УХМР.
