Анѓушев: Изградбата на гасоводот со Грција е клучен инфраструктурен проект
Средствата се обезбедени, изработена е физибилити студијата и проектирана е трасата, а јавниот повик ќе биде објавен в година, најавил Анѓушев на трибината за енергетските предизвици во источниот медитеран во Солун.
Изградбата на гасоводот со Грција е клучен проект во диверзификацијата на гасното снабдување на земјава, изјави во Солун вицепремиерот Кочо Анѓушев. Средствата се обезбедени, изработена е физибилити студијата и проектирана е трасата, а јавниот повик ќе биде објавен в година, најавил Анѓушев на трибината за енергетските предизвици во источниот медитеран во Солун.
„Република Северна Македонија е подготовена да започне со овој проект, обезбедени се финансиски средства, изработена е физибилити студијата, проектирана е трасата и во тек е изработката на основниот проект и студујата за заштита на животната средина кои ќе бидат готови наскоро, а јавниот повик би требало да се објави на почетокот на 2020 година“, рече Анѓушев.
Осврнувајќи се на проектите поврзани со електричната енергија, вицепремиерот Анѓушев посочи дека за стабилноста на енергетските системи е важно да се дискутира за енергетската инфраструктура, изворите за производство на електрична енергија, како и за либерализација на пазарите.
