Проширен капацитетот на градинката „Калинка“
Паралелно со „Калинка”, ќе се прошири и градинката „Морковче” во Јурумлери, каде се отвораат нови 70 места, а во тек е и изградбата на градинка во Стајковци...

Нов лик и зголемен капацитет за 70 дечиња во скопската градинка „Калинка“ во населбата Железара. Опремени три нови занимални, од кои едната за јасли.
Градинката ќе работи во две смени, со што се олеснуваат работните обврски на родителите. Паралелно со „Калинка”, ќе се прошири и градинката „Морковче” во Јурумлери, каде се отвораат нови 70 места, а во тек е и изградбата на градинка во Стајковци. Овие градинки заедно отворија повеќе од 250 места за децата, со што за 2 години драстично се намали бројот на деца кои се на листите на чекање. Следната година 4 нови градинки се очекува да бидат изградени во Ќерамидница, Сингелиќ, Инџиково и Трубарево.
Проектот е реализиран од општина Гази Баба во соработка со министерството за туд и социјална политика.
Анита Никушева-Јованчев
