Инспекторот Илиевски со претставка до Собранието, се жали на притисок и мобинг
Бурна дебата на собраниската Анкетна комисија за заштита на слободата и правата на граѓаните. На дневен ред, претставката од просветниот инспектор Илиевски, кој се покажали дека по неговите наоди за незаконски унапредувања на Тетовскиот универзитет, трпел притисоци и мобинг на работното место...
Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски со претставка до Собранието. Тврди дека му се врши притисок и мобинг на работното место откако констатирал незаконски унапредувања на јавни функционери во наставно- научни звања на Универзитетот во Тетово.
Според ДУИ, се води хајка против нивни функционери. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Законодавниот дом треба да дебатира за ова прашање, бидејќи збор за човек кој открил незаконски дејствива на актуелнни функционери, а наместо да се награди за тоа, се деградирал од надлежните институции.
Од парламентарното мнозинство укажуваат- собраниската комисијата не е ниту истражен, ниту судски орган да донесе одлука.
Инспекторот Илиевски во јавноста обелодени дека тројца владини функционери се стекнале непрописно со повисоки звања на Тетовскиот универзитет, во време кога се уште биле на должност.
Игор Панов
