Македонија 2025

Иновативни и софтверски решенија за надминување на проблемот со загадувањето

15.11.2019 15:28

Визуелизацијата на квалитетот на воздухот во реално време со можност за откривање на загадувачите, паметно управување со отпадот, паметен паркинг, се само дел од можностите кои ќе помогнат за загадувањето, предлага бизнис- секторот.

Иновативни и софтверски решенија се предлозите за надминување на проблемот со загадувањето. На самитот „Македонија 2025“ за овој проблем се бара одговорност од сите чинители во државата.

Дигитализацијата, иако спроведена, многу малку е искористена како паметно решение. Ова, според зелените организации, не треба да се гледа како трошок, туку како инвестиција која ќе има економски бенефит.

Визуелизацијата на квалитетот на воздухот во реално време со можност за откривање на загадувачите, паметно управување со отпадот, паметен паркинг, се само дел од можностите кои ќе помогнат за загадувањето, предлага бизнис- секторот.

Акутната состојба со воздухот е причина за многу болести и 3.000 починати. Според експертите, покрај нездравата животна средина, аерозагадувањето има и економски последици.


Дијана Ценевска