Заев- Лофвен: Поддршка од Шведска за интеграцијата во ЕУ
На состанокот, на кој присуствувала и вицепремиерката и министерка за Одбрана Радмила Шеќеринска, соговорниците оцениле дека нашата земја направи видлив реформски напредок во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи, и дека ова треба да биде вреднувано со исчекор напред во евроинтеграциите.
Стокхолм ќе продолжи да дава поддршка за интеграцијата на земјава во ЕУ. Ова е констатирано на средбата на шведскиот и македонскиот премиер, Стефан Лофвен и Зоран Заев.
На состанокот, на кој присуствувала и вицепремиерката и министерка за Одбрана Радмила Шеќеринска, соговорниците оцениле дека нашата земја направи видлив реформски напредок во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи, и дека ова треба да биде вреднувано со исчекор напред во евроинтеграциите.
Република Северна Македонија може да смета на поддршката од Кралството Шведска и во иднина, изјави Лофвен.
„Работиме на реформите и натаму со став дека европските перспективи за нас како држава немаат алтернатива. Во очекување сме и на заокружување на НАТО интеграциите. На нашата држава, на Западен Балкан и на Европа им се потребни стабилност, просперитет и развој. Потребна им е одржливост. Тоа се процеси во кои Шведска дава водечки придонес за што сме благодарни“, рекол премиерот Заев на средбата со шведскиот премиер Лофвен.
Ирина Гелевска
