Прослава на патронен празник по 65 пат
Училиштето со традиција коешто во континуитет ги воспитува и ги образува лицата со оштетен вид со позитивна енергија ги отвори вратите за многубројната публика.

Државното училиште за рехабилитација на деца и на младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје , по 65 пат го прослави својот патронен празник . Училиште во кое главна цел и мисија е учениците да добијат квалитетно образование и воспитание преку кое ќе се изградат во самостојни, продуктивни, и работоспособни личности, подготвени за достоинствено вклучување во животот.
Училиштето со традиција коешто во континуитет ги воспитува и ги образува лицата си оштетен вид со позитивна енергија ги отвори вратите за многубројната публика.
Оваа година учениците заедно со своите наставници подготвија богата програма со многу музички и драмски точки. Радоста на учениците беше голема затоа што своите таленти можеа да ги покажат пред многубројната публика, којашто секоја година е неизоставен дел од овој настан. И првачињата настапија со голема самодоверба и со мотивација за следни предизвици. Учествуваа со драматизацијата „Слонот и мравките“ и верувајте блеснаа на сцената. Музичките ноти заедно со насмевките на децата танцуваа на подиумот.
Нека им е честит и вековит патрониот празник.
Подготви
Радмила Гиевска
