„Најк“ ја прекинува соработката со „Амазон“
Најк нема да продава стока преку веб сајтот на „Амазон“. Брзината на испораката како предност што му ја даваше „Амазон“ на американскиот производител на спортска опрема „Најк“ ќе се намали-пренесува CNBC

Оваа вест го вклучи алармот на малопродажната индустрија, а експертите наѓаат дека и останатите брендови би можеле да го следат потезот на „Најк“ кој сака да се фокусира на директен однос со потрошувачите. Од „Најк“ соопштуваат дека на брендовите не им треба „Амазон“, брзината била предност но таа сега се намалила. Според нив со овој потез се докажува дека моќните брендови сфаќаат дека прометот преку нивните веб сајтови е самоодржлив и попрофитабилен. Досега сето ова одело на контото и популарноста на ,,Амазон“, а не на компанијата.
Соња Стојановска