Гугл го прави здравствениот картон за милиони американци буквално ќе знае се за пациентите.
Американскиот гигант Гугл доби пристап до податоците што ќе му овозможат да ги предвидува здравствените потреби на секој пациент.

Гугл се здружил со еден од најголемите здравствени системи во САД, поради прибирање податоци за здравствената заштита на милини луѓе-пренесуваат светските медиуми. Попрецизно ќе имаат свој здравствен картон за пациентот. Гугл се здружил со синџирот од здравствени установи во државата Сент Луис. Овие здравствени установи имаат испостави во 23 сојузни држави во САД. Така на мала врата овој гигант пребарувач добил пристап до податоци на голем број пациенти кои вклучуваат дијагнози, лабораториски анализи, податоци за престој за лекување, како и комплетна здравствена историја вклучувајќи ја датата на раѓање. Според информациите од странските медиуми, Гугл овие податоци наводно ги прибира без знаење на пациентите и докторите, а според федералните закони тоа е легално се додека податоците се прибираат за здравствени цели. Од компанијата Гугл изјавиле дека податоците за пациентите ќе бидата заштитени од злоупотреба. Податоците ќе се бидат користени само за потребите за создаванје софтвери кои ќе ги предвидуваат здравствените потреби на пациентот базиран на нивната историја. Овие податоци ќе може да ги користат и останатите внатрешни компании на Гугл. Веќе и на шега се нарекува доктор Гугл, поради сите прашања на кои одговара.
Соња Стојановска
