Премиера на „Живот во тесни чевли“
Претставата „Живот во тесни чевли“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Ненад Витанов, в петок премиерно ќе биде изведена во Драмскиот театар-Скопје.

Нова премиера во драмски. Зборува за еден сегмент од нашето живеење, за група стечајни работници кои во транзицијата ги изгубиле работните места, но не се откажуваат и се обидуваат по секоја цена да се изборат за сопствените права. Ова е еден од поновите текстови на Душан Ковачевиќ, досега двапати поставуван во Белград и во Истанбул.
Режисерот Ненад Витанов рече дека приказната е за сите луѓе кои ќе останат на улица, за несигурноста и што значи таа.
-„Душан Ковачевиќ, што да кажам, знаете сите, нема утка човекот. Така да кога разбрав дека ќе се работи текст од него, со уживање прифатив да играм,“ вели Драган Спасов Дац, актер
,,На крајот се обидуваме да дадеме една морална димензија на целата тема, можеби некаде има правда. Не гледаме скептично на животот“, велат актерите.
-„ Јас имам играно во четири од пет текстови на Душан ковачевиќ кои биле поставени во Македонија, само немам во „Балкански шпион“ играно,“ вели Ванчо Петрушевски, актер
-„ Одамна не сме играле во некој проект каде уметникот, си дозволува да каже,
да го дигне својот глас и макар да ги осуди збиднувањата во една држава,“ вели Марија Кондовска, актерка
Директорот Вељановски рече дека денеска прославуваат 49-годишен јубилеј. 65-та бил отворен, тогаш Драмски младински театар, со претставата „Богомилска балада“.
Новинар:Александра Перевска
Снимател :Здравко Петрушевски