Вчера и денеска земјотрес на подрачје меѓу Битола и Лерин од 3.3 и 3.0 степени по Рихтер
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје започнувјќи од вчера 17.11.2019 и во текот на денешниот ден регистрирала серија на земјотреси, чиј епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола - Лерин во соседна Република Грција.

Најсилни до сега од оваа серија се земјотресите од 17.11.2019 г., во 15 часот и 40 минути и земјотресот денес во 7 часот и 41 минута. Првиот бил со локална Рихтерова магнитуда 3.3 додека вториот со магнитуда 3.0.
Овие два земјотреса биле почувствувани со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала во околината на пограничниот премин Меџитлија, додека во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според истата скала-информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Соња Стојановска
