СКОПЈЕ

Скопје подготвено за зимското одржување на улиците

18.11.2019 13:50

Иако годинава временските услови се поблаги, во однос на минатата година, подготовките за зимската сезона се неопходни.

Скопје, според најавите од градската управа ја подготви и усвои програмата за одржување на градот во зимски услови. Тоа се однесува на коловозните површини кои имаат површина од 2 милиони и 600 илјади квадратни километри. Доколку падне снег во зимската сезона 2019, 2020 година има обезбедено 6000 тони индустриска сол, од кои 2000 тони се залиха од минатата година. Обезбедени се и 300 тони ладна асфалтна маса за оштетените сообраќајни површини. Јавното претпријатеие улици и патишта е носител на активностите за зимско одржување со целокупната механизација и кадровски потенцијал. Град Скопје најавува дека ќе ангажира и дополнителна механизација од 15 камиони од фирмата Аполо, кои се опремени со навигациски уреди. Обезбедените материјали се складирана на три пункта во Скопје на Јавното претпријатие улуци и патишта. Асфалтната база е во кругот на фабриката Железара. Старата механизација се наоѓа на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода и во Ѓорче Петров на улицата Лепенец. Материјалите ќе се употребуваат во зависност од временските услови, а ќе има 24 часовни дежурства.  Коловозите ќе се расчистуваат според приоритетите, според критичноста за пристап до објекти од витално значење за граѓаните, според  најкритичните  точки на сообраќајниците  за подобро функционирање и пристап до стопанските објекти. И другите Јавни препријатија се задолжени во рамките на програмата  и своите надлежности да обезбедат механизација и опрема. Тие исто така се задолжени да имаат своја под програма за расчистување на јавните површини во зимски услови.

И Kризниот штаб апелира и други претпријатија, како  и граѓаните, урбаните заедници, куќните совети навреме да преземаат мерки за олеснување на сообраќај во лоши временски услови, со навремено отстранување на возилата од коловозите , да се расчистуваат пешачките приоди до влезот на објектот, како и до покривите на објектите. Доколку овие обврски  не се испочитуваат од сите одговорни правни субјекти, полицијата и комуналните инспектопри  ќе се изрекуваат казни врз основа на Законот за јавна чистота. Оваа обврска почна на 15 ноември и завршува на 15 март наредната година.

Соња Стојановска