КОНЦЕРТ

КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА „КОДАЈ“ од Унгарија

18.11.2019 14:02

Унгарската амбасада во Република Северна Македонија и Скопско лето на 28 ноеври во националната филхармонија организираат концерт на Филхармонијата „Кодај“.

На програмата се дела од Лист, Барток, Кодај, Брамс, Равел, Бородин.

ФИЛХАРМОНИЈАТА „КОДАЈ„ од Дебрецен е организатор на двата професионални музички ансамбли во градот, а преку тоа и музички инкубатор на културниот живот во градот. Од 2011 год. директор на институцијата е диригентот Даниел Сомоѓи-Тот, кој воедно е и органист. Филхармонијата Кодај која се има здобиено со наградата Bartók-Pásztory и била финансирана од унгарските државни железници речиси еден век, има добиено нов лик во последните неколку години. Ансамблот е редовен учесник на Пролетниот фестивал во Будимпешта и Фестивалот за современа уметност во Будимпешта и е ко-основач на Рускиот музички фестивал. Исто така е член на престижни интернационални продукции и во симфониска и оперска литература.

ХОРОТ КОДАЈ, исто така се добитници на наградата Bartók-Pásztory, како и Унгарската награда за наследство. Хорот е интернационално реномиран, професионален концертен хор на Унгарија. Основан е од Ѓорѓи Гујаж (Györgyi Gulyás) во 1955г. Широкиот репертоар на ансамблот, кој ја вклучува најдобрата а cappella литература и ораторна литература, се фокусира на современа музика: стотици премиери се поврзани со нивното име. Хорот, од 2016 година, го води Мате Сабо Шипош, искусен диригент, чиј артистички концепт ја отвора професионалната работа на ансамблот кон нови уметнички предизвици.

БАРНАБАШ КЕЛЕМЕН/Barnabás Kelemen започнува да учи да свири виолина со познатиот унгарски педагог Valeria Baranyai на 6 годишна возраст, а на 11 години примен е на музичката академија Франц Лист. Во 2001 ја добива својата диплома, како и наградата Sándor Végh. Покрај неговите наставници, Барнабаш посетува мастер класи со Isaac Stern, Ferenc Rados, György Kurtág, Igor Ozim, Sergiu Luca и Thomas Zehetmair. Од септември 2005, тој е професор по виолина на музичката академија Франц Лист во Будимпешта и редовно има предавања како гостин професор на Indiana University Bloomington. Има издадено 11 соло снимки и комплетни дела за виолина и оркестар од Моцарт на двојно ДВД во живо. Барнабаш има добиено награди на многу меѓународни натпревари, вклучувајќи и втора награда на натпреварот Szigeti во 1997, прва награда на натпреварот Моцарт во 1999 во Салцбург и на меѓународниот натпревар за пиjано трио во Кухмо, трета награда на натпреварот Queen Elisabeth во 2001 и златен медал на натпреварот Моцарт во Индијанаполис во 2002 година. Во 2007 тој беше добитник на Големата награда на централноевропскиот фестивал за класична музика. Барнабаш Келемен се етаблира како еден од врвните виолинисти на неговата генерација, настапувајќи редовно како солист на концерт, изведувач на рецитали и камерен музичар на најголемите светски музички места и фестивали. Настапувал ширум Европа, Северна и Јужна Америка, Јужна Африка, Јапонија и Тајван.

 

Т.Г.