ИНВЕСТИРАМЕ

Да инвестираме во футуризмот: Културните пејсажи на еден пост-социјалистички град

18.11.2019 14:10

По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, Скопје беше замислено, а потоа и изградено како пример за модерен, футуристички, социјалистчко - утопистички, југословенски град.

Остатоците од оваа замисла и ова Скопје се видливи во материјалната, како и во нематеријалната култура на градот.
Во многу од пост социјалистичките држави се одвиваат дебати за архитектурата и за симболизмот на ова културно наследство, но и за неговиот потенцијал. Во Скопје, социјалистичкото културно наследство, често стои како игнорирано, наспроти ново произведеното културно наследство.

Овој настан ќе ги адресира прашањата: како пост – земјотресно и социјалистичко Скопје и неговото културно наследство се дефинирани во јавниот и професионалниот дискурс? Какво знаење се инвестира во ова наследство? Дали се работи на општествено прифатливи и позитивни начини за справување со ова културно наследство, така што нема да биде грубо игнорирано или целосно избришано од јавниот простор? Која е причината за (не)интересот за социјалистичкото, материјално – културното наследство и неговата монументална уметност? Кој е културниот, економскиот и општествениот потенцијал на ова минато и како тоа се вклопува во денешните урбани планови и современото осмислување на просторот?

На 22 ноември во 19 часот во Кино Култура  најнапред че се прикажее на хрватскиот филм Betonski spavači: епизода Скопје, Хулахoп, Хрватска, а од 20 часот панел дискусија со:  Валентино Димитровски - раководител на одделение за движно културно наследство,  Д-р. Љупчо С. Ристески - Институт за етнологија и антропологија, 3. М-р. Василка Димитровска - Директорка на ХАЕМУС,  Наум Трајановски - кандидат за докторски студии на Школата за општествени истражувања при Полската академија на науките,  Д-р. Ана Ивановска-Дескова - Архитектонски факултет. Модератор:  Билјана Волчевска - Проектен менаџер во форумЗФД.

Т.Г.