Македонците во Хрватска го одбележуваат јубилејот на Рациновата ,,Бели мугри ”
По повод 80 годишнината од издавањето на збирката поезија,,Бели мугри” вечерва во Самобор почнува манифестацијата ,,Рацинов ден- Бели мугри”.

Манифестацијата ќе биде отворена со играно-поетскиот филм за Кочо Рацин ,, Елегија за тебе”. На 21 ноември во Загреб ќе се одржи трибина посветена на Кочо Рцин, на која со свои реферати ќе учествуваат проф. Д-р Васил Тоциновски и д-р Славчо Кофиловски. На 23 ноември во Самобор ќе биде отворена изложба на фотографии за Кочо Рацин. Настанот ќе биде проследен со пригодни предавања за животот и за делото на Рацин и со поетски рецитал во изведба на членовите на литературно- драмската група ,,Ленка” и со настап на пејачката група ,,Моми бисерни”. Ќе биде одржана и работилница по македонски јазик. Организатори на манифестацијата се ,, Заедницата на Македонците во Хрватска” и Македонското културно друштво ,, Охридски бисер ” од Загреб.
