ДЕЛЧЕВО

Акција за пошумување

18.11.2019 12:57

Како придонес во збогатување на зеленилото и во зголемување на бројот на садниците во градот, општина Делчево организира акција за пошумување на урбаниот дел од градот која ќе се одржи на 23 ноември .

Садниците ќе се засадуваат во делот од мостот на реката Габровчица,  паркот кај езерцата до градскиот стадион.  Планирано е  да се засадат околу 100 садници од јавор и јасен, а чемпреси и липи во парковите во центарот на градот. Акцијата се спроведува паралено со кампањата против загадување на воздухот, а освен граѓаните во акцијата со свои активности за подготовка на теренот ќе се вклучат и ЈКП „Брегалница“ и ЈП „Национални шуми“- ПШС „Голак“ Делчево.