ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

,,Заштеда од 7% на потрошувачката на струја со мерки на енергетска ефикасност“

18.11.2019 17:55

Компаниите што инвестирале во мерки за подобрување на енергетската ефикасност во индустријата ги намалиле трошоците за електрична енергија во просек за 7% во првата година, покажало истражувањето во рамките на проект поддржан од УНИДО.

Најзаинтересирани за вложувања за намалување на трошоците за енергија биле  компаниите кои што трошат повеќе енергија во производствениот процес, односно од металургијата, енергетиката и фармацијата, слично на  земјите членки на ЕУ, изјави Марко Матеини  експерт  на УНИДО, вклучен во реализација на проектот за  подобрување на енергетската  ефикасност во индустријата.

Двтон Марко Матеини-експерт на УНИДО

,,Сите фирми имааат различни извори на енергија,некои користат гас ,други нафта и имаат различни вложувања во овие програми од аспект на енергетската ефикасност.Некои компании имаат до 7% заштеда од аспект на електрична енергија во првата година од спроведување, а имаме забележано 5% заштеда на потрошувачка на нафта.“

Според проценките околу 250 компании ќе имаат обврска да преземат мерки за  трошењето на енергија во процесот на работење. Ќе можат да изберат меѓународен стандард или пак со консултант да оформат енергетска контрола како видување на нивната потрошувачка ,вклучително и мерки за нејзино намалување ,велат од Агенцијата за енергетика.

Двтон Панче Атанасовски –Агенција за енергетика

,,Овој историски процес за нашата држава нема да се заврши успешно доколку УНИДО не предложи начини на финансиска поддршка на овие процеси .Важно е да се утврди постапка на која компанија кога и како да дадете помош за да финансиските средства не ја закочат во нејзината работа.“

Користењето на  енергетски менаџмент систем има за резултат намалена потрошувачка на енергија ,повеќе пари за компаниите и намалена емисија на стакленичлки гасови ,а кај нас проектот се совпадна со изработката на законот за енергетска ефикасност,вели Атанасовки. Се очекува експертска помош од УНИДО и  при  подготовка на  неопходните правилници што ќе се користат при реализирање на обврските на компаниите од областа на индустријата   .

 

Свето Николовски