Лиценци за проценители на тутун
За да можат да бидат присутни на секоја вага за време на откупот на тутунот, проценителите мора да имаат лиценци. Пријавувањето за испитот ќе трае до 20-ти ноември, а полагањето и проверката на стручноста ќе се врши во Институтот за тутун во Прилеп.
Почнува пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот. Крајниот рок за поденсување на документите е до 20- ти овој месец.
Пред полагањето на испитот заинтересираните кандидати мора да посетуваат обука и да добијат потврда од Институтот за тутун во Прилеп.
Проверката на знаењето и стручниста е закажана за 29- ти ноември годинава. Кандидатите мора да имаат завршено најмалку средно училиште.
Оние кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование, а конкурираат за проценители, треба да се производители на тутун најмалку во последните пет години и треба да достават документ или потврда за откуп на тутунот од претпријатието со кое склучувале договори.
Според Законот, на секоја вага покрај производителот, мора да има по еден проценител од страна на откупувачот и еден од тутунско здружение.
Комисијата за мострите во ноември треба да ги достави примероците, а според законот најдоцна до 15-ти декември, монополите ќе можат да ги отворат вратите за превземање на родот.
Методија Трајков
