Откупот на тутунот најдоцна до 15-ти декември
За време на откупот, на секоја вага покрај производителот, мора да има по еден проценител од страна на откупувачот и еден од тутунско здружение.

Комисијата за мострите во ноември треба да ги достави примероците, а според законот најдоцна до 15-ти декември, монополите ќе можат да ги отворат вратите за превземање на родот од реколтата од 2019 година.
За време на откупот, на секоја вага покрај производителот, мора да има по еден проценител од страна на откупувачот и еден од тутунско здружение.
Кандидатите за проценители мора да имаат завршено најмалку средно училиште и најдоцна до 20-ти овој месец да се пријават за полагање на испит за добивање на лиценца за проценители. Обуката за испитот се врши во Институтот за тутун во Прилеп.
Методија Трајков
