Уставните судии ќе расправаат за иницијативата за застарување на делата за злоупотреба на службена должност
Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати најави дека на колегиумот детално ќе се разговара за оваа иницијатива и ќе биде донесен став. Посочи дека предметот бил на дневен ред на седницата што се одржа минатата недела и за него се отворила полемика.

Уставните судии денеска ќе дискутираат по иницијативата за член 353, став 5 од Кривичниот законик, која се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службена должност и овластување.
Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати најави дека на колегиумот детално ќе се разговара за оваа иницијатива и ќе биде донесен став. Посочи дека предметот бил на дневен ред на седницата што се одржа минатата недела и за него се отворила полемика.
Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од член 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што ги водеше СЈО.
