ВИЕНА

МААЕ: Иранските залихи на тешка вода кршат ограничувања

19.11.2019 10:47

Ова е првиот случај за пречекорување на лимитот откако Техеран почна постепено да прави отстапки од обврските на Пактот поради воведените санкции од САД.

Меѓународната агенција за атомска енергија предупреди дека иранските залихи на тешка вода за производство на плутониум потребен за атомско оружје, ги надмина границите утврдени со нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили.

Ова е првиот случај за пречекорување на лимитот откако Техеран почна постепено да прави отстапки од обврските на Пактот поради воведените санкции од САД.

Иран врши притисок врз европските потписнички да се зачува Спогодбата од 2015 година и по повлекувањето на Вашингтон.