Парк за миленици
Струмица доби парк за миленици. Големиот градски парк е збогатен и со катче за миленици во кое се поставени повеќе реквизити и каде што сопствениците ќе можат да поминуваат пријатни мигови со своите домашни миленичиња.

Паркот за милениците е дело на ЕВН во рамките на проектот „ЕВН волонтира“ и успешната соработка што општина Струмица ја има со оваа компанија.
...„ Ова е еден проект кој што и нашите сограѓани го бараа во повеќе наврати, посебно љубителите на домашни миленичиња бараа еден простор кој ќе им овозможи да поминат убави моменти со своите миленичиња, а од друга страна пак оние кај кои што ваквите појави предизвикуваат вознемиреност би добиле поголема слобода на движење низ паркот. Проектот истовремено значи и почист и поуреден парк, а со тоа и почиста средина. Со ова решение мислам дека ќе ги погодиме желбите и потребите и на оние кои што се љубители на домашни миленичиња, но и на оние кои што немаат големи симпатии кон движењата на луѓето со миленичиња низ паркот“ изјави градоначалникот Коста Јаневски.
Ова е едно мало парче од мозаикот, што ја прави Струмица урбана и уредена општина. Се најавуваат и нови проекти, а паркот со миленичиња е место за кое треба да се грижат сите во општината, не само љубителите на животните.
Анита Никушева- Јованчев
