Хонгконг: Стотина студенти се уште забарикадирани на универзитетот

19.11.2019 11:11

Групата е опколена од полицијата додека опсадата врз кампусот на универзитетот влегува во третиот ден.

Стотина антивладини демонстранти останаа забарикадирани на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг. Групата е опколена од полицијата додека опсадата врз кампусот на универзитетот влегува во третиот ден.

Над 200 веќе го напуштиле комплексот во придружба од медијатори. Конфликтите на универзитетот се едни од најнасилните откако во јуни почнаа протести во кои се бараа истрага за полициска бруталност, како и универзално право на глас.