Мостови на другарство
Во склоп на проектот Денови на меѓуетничка интеграција: „ГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА-ГРАДИМЕ МОСТОВИ“ во музичкото студио на познатиот пејач, музичар, композитор и снимател Александар Митевски, во склоп на Пионерскиот Дом Карпош, Скопје се снимаше Химната на општина Гази Баба.

Во склоп на проектот Денови на меѓуетничка интеграција: „ГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА-ГРАДИМЕ МОСТОВИ“ во музичкото студио на познатиот пејач, музичар, композитор и снимател Александар Митевски, во склоп на Пионерскиот Дом Карпош, Скопје се снимаше Химната на општина Гази Баба. Химната носи наслов „Мостови на другарство“ и се пее на три јазици: македонски, албански и англиски. За оваа активност наставникот по музичко образование Ваљбон, од основното училиште во с. Страчинци, кој наедно и ја подготви музиката и го напиша текстот за песната, ги подготви своите ученици во делот на албански јазик, а наставничката Роза Јаневска ги подготви своите ученици да го пеат делот на мелодијата на македонски и на англиски јазик. Химната ја пееја: Јана Стоилевска-IX одд, Никола Јакимовски- IX одд, Јована Тодоровска- IXодд, Невита Аџија- IX одд, Вероника Неделковска- IX одд, Клара Караџоска-VI одд, Фатиме Куртеши- VI одд и Луна Јакимовска- VI одд. На снимањето присуствуваа и директорите на училиштата ООУ „Кирил и Методиј“ и ООУ„Дане Крапчев“. Освен снимањето учениците имаа можност да се запознаат и да се дружат, со што се подобрува мултикултурното разбирање и почитување на разликите.
Снимањето беше успешно, а во иднина ќе следи и подготовка на Химната со учениците коишто пеат во хор од сите 11 училишта на општина Гази Баба. Изведбата ќе биде на сите три јазици. На тој начин учениците ќе ги научат туѓите јазици, ќе ја разберат пораката на текстот и ќе создадат почит кон туѓите култури и јазици и почит на мултикултурата во земјава што претставува најголемо богатство за една држава.
-Целта на настанот беше постигната со овековечувањето на Химна на општината Гази Баба-„Мостови на другарство“, со меѓуетничко дружење и соработка на учениците, наставниците, директорите-Заедно сплотени.
Подготви
Радмила Гиевска
