Стох лета кон трофејот во светскиот куп!
Ова е сезона на полскиот скокач Камил Стох кој по двете олимписки злата во Сочи има намера првпат во кариерата да триумфира и во Светскиот куп.

26 - годишниот Стох лета кон драгоцениот трофеј откако за два дена по Лахти триумфираше и во Куопио. На скокалницата во финскиот центар, Полјакот имаше две далечини од по 126 ипол метри коишто со стандарно солидните оценки му ја донесоа шестата победа сезонава или вкупно 13-та.
Второто место го освои Германецот Северин Фројнд, додека вечерва од помош на Стох му беше Норвежанецот Андерс Бардал кој со третата позиција на четвртата го спушти Словенецот Петер Превц и ја зголеми неговата негатива во Светскиот куп.
На четири натпреварувања до крајот, Стох како лидер во генералниот пласман има 103 бода повеќе од Превц и 224 од Фројнд.
