Аврамопулос: Целта е да го видиме ова соседство како членка на ЕУ
Заедно постигнавме многу во овие изминати години. Целта е да го видиме ова соседство како членка на ЕУ рече еврокомесарот за внатрешни работи и миграции Аврамопулос на министерскиот форум ЕУ- Западен балкан. И покрај сите препреки со кои се соочуваме на нашиот пат кон Унијата, сепак, земјата не отстапува од европскиот курс, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски...
Заедно досега постигнавме многу, ќе продолжиме да работиме и да го поддржуваме Западен Балкан- европското соседство, за да еден ден го видиме како член на Унијата, порача еврокомесарот за внатрешни работи и миграции Аврамопулос.
Според него, ситуацијата со мигрантите во регионот не е ни блиску до онаа во 2015-та и 2016-та година. Сепак, според него, притисокот од мигрантите расте. Нагласувајќи ги петте клучни поенти за справување со незаконската миграција, посочи дека со Фронтекс е видлив резултатот.
И покрај сите препреки со кои се соочуваме на нашиот пат кон ЕУ, сепак, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите, градењето на добрососедските односи и регионалната соработка, рече министерот за внатрешни Спасовски. Министерскиот форум ЕУ- Западен Балкан испраќа јасна порака за европската перспектива на регионот, дополни министерот.
Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан, се одржува во законодавниот дом под покровителство на финското претседавање со Унијата.
Наташа Гркова- Петрушевска
