Царовска: Интеграцијата на ромската заедница не е задоволителна, се прават напори за подобрување на состојбите
Интеграцијата на ромската заедница сеуште не е задоволителна, но се прават напори за подобрување на состојбите, вели ресорната министерка Мила Царовска. Од невладините апелираат буџетските средства наменети за Ромите да се искористуваат стопроцентно.
Интеграцијата на ромската заедница сѐ уште не е задоволително ниво. Социјалните политики позитивно се одразуваат на намалување на сиромаштијата на сите граѓани. Ги вклучуваме децата од ромската заедница во градинките преку блок дотациите на општините, за да имаат еднаков старт сите деца, а се прават и други напори за подобрување на состојбите, оценува министерката Цароска.
Претставниците на Ромите во владата се задоволни од буџетските средства наменети за инфраструктурата, стопроцентно зголемени од 20 на 40 милиони денари. Најголемиот проблем е, велат, големата невработеност во јавниот сектор од само 1,3, а треба да достигне 2,6 насто.
Граѓанскиот сектор во своите анализи оценува дека методот според кој се остварувало учеството на ромите во институциите и нанесол штета на заедницата по што се откажале од примената.
Невладините повикаа да се изнајдат начини за искористување на буџетските средства наменети за унапредувањето на состојбата на ромите според примерот на надлежното министерство.
Фиљана Кока
