Столтенберг: Северна Македонија е блиску до полноправно членство, но до самитот во Лондон нема да заврши ратификацијата
Северна Македонија е блиску до полноправно членство во НАТО, но до самитот во Лондон нема да заврши ратификацијата. Земјата ќе стане 30-та членка на Алијансата на почетокот на идната година изјави генералниот секретар Столтенберг...
Северна Македонија е блиску до полноправно членство во НАТО, но до самитот во Лондон нема да заврши ратификацијата. Земјата ќе стане 30-та членка на Алијансата во почетокот на идната година, изјави генералниот секретар Столтенберг.
„Северна Македонија е многу блиску да стане полноправна членка на Алијансата. Го потпишавме пристапниот протокол оваа пролет. Повеќето од партнерите веќе го ратификуваа протоколот. Не очекувам процесот да заврши до самитот во декември, но ќе биде заокружен во почетокот на идната година. Тогаш Северна Македонија ќе биде полноправна членка. На самитот во Лондон ќе бидат на маса и ќе учествува како поканета земја. Тоа покажува дека Северна Македонија е многу блиску до полноправно членство и веќе учествува на сите состаноци на НАТО“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Утре министерот за надворешни работи, Димитров ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите- членки на НАТО.
