Евроинтеграции

Се дискутира за проширувањето, но не и за францускиот предлог

19.11.2019 13:19

Иако се очекуваше да биде разгледан и нон-пејперот на Франција, според изјавите пред почетокот, нови предлози не може да има сѐ додека не стапи на сила новиот состав на Европската Комисија.

Министрите за надворшни работи на земјите членки на Европската Унија на состанок во Брисел разговараат за состојбата со проширувањето откако одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија беше блокирана од страна на Франција во октомври.

Иако се очекуваше да биде разгледан и нон-пејперот на Франција, според изјавите пред почетокот, нови предлози не може да има сѐ додека не стапи на сила новиот состав на Европската Комисија.

Франција инсистира на промена на методологијата за преговори со четири услови  пред да биде доделен датум за преговори за Северна Македонија и Албанија. Тие се постепено придружување, построги услови, поконкретна корист и реверзибилност, односно целокупниот процес на придружување да биде „постепен и поттикнувачки“. На слична линија се и Холандија и Данска.