Меѓунареден натпревар за квалитет на медот

19.11.2019 13:26

Се мисли дека медот може да помогне за намалување на таканаречениот лош холестерол, триглицеридите, воспаленијата и природно да го намали крвниот притисок. Така, делува добро и на срцето и помага при артериосклероза.

Медот е корисна намирница. Нутриционистите го препорачуваат како замена за шеќерот. Се мисли дека медот може да помогне за намалување на таканаречениот лош холестерол, триглицеридите, воспаленијата и природно да го намали крвниот притисок. Така, делува добро и на срцето и помага при артериосклероза.

Токму една интересна манифестација сврзана со медот се оддржa во Тетово. Станува збор за Меѓународен натпревар за квалитет на медот, на кој учествувале 250 пчелари од 15 балкански земји. Оваа манифестација е организирана од Здруженијата „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“, од Тетово. Во рамките на манифестацијата, на свечена церемонија доделени се и медали на овој натпревар.