Форум за локален економски развој во Општина Илинден
Форумот за локален економски развој го сочинуваат претставници на бизнис заедницата, на владините институции, невладините организации и претставници на локалната самоуправа, кои со своето активно партиципативно учество придонесуваат за одржлив економски и социјален развој на Општина Илинден.

На тринаесеттиот форум за локален економски развој под мотото „Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден“ ќе биде презентирана реализацијата на Стратешкиот план за локалниот економски развој од 2017-2021 година.
Меѓу темите ќе биде и примената на концептот на корпоративна општествена одговорност за проекти од јавен интерес.
Форумот за локален економски развој го сочинуваат претставници на бизнис заедницата, на владините институции, невладините организации и претставници на локалната самоуправа, кои со своето активно партиципативно учество придонесуваат за одржлив економски и социјален развој на Општина Илинден.
Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година и учествуваше во изработката на сите стратешки планови за локален економски развој на Општина Илинден.
Форумот се одржува денеска во домот на културата „Илинден”.
