Пендаровски: Без механизми за младинско учество, не може да се очекува напредок и просперитет
Младите да се оспособат за активно да учствуваат во процесот на донесување одлуки, заклучок од проектот на Евроатлантскиот совет на Македонија и Бугарската амбасада. Претседателот Пендаровски порача дека без создавање механизми за младинско учество и нивно охрабрување не може да се очекува напредок и просперитет. Го посочи Законот за млади како чекор кон унапредување на младинското учество, но според него институциите мора да направат уште повеќе за да го подобрат статусот на младиот човек во земјава...
Нема политички проблеми за Македонија да стане членка на НАТО, туку технички. Вашето членство ќе стане официјално во моментот кога претседателот Пендаровски ќе седне на истата маса со Трамп и Макрон. Задржете ги емоциите до овој момент, порача Соломон Паси, поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија. На конференцијата на Евроатлантскиот совет со охрабрувачка порака до македонските колеги.
На конференцијата посветена на младинското учество, претседателот Пендаровски со порака дека без да се охрабрат младите не може да се очекува напредок и просперитет на земјата. Оцени дека се незаинтересирани за политичките процеси и општествените случувања, и огромен процент иднината ја гледаат надвор од земјата.
Законот за млади го посочи како чекор кон унапредување на младинското учество, но како што рече, институциите мора да направат за да го подобрат статусот на младиот човек.
Конференцијата „Оспособување на младите за активно учество во процесот на донесување на одлуки“ ја организираа Евроатлантскиот совет на Македонија и Амбасадата на Бугарија.
Викторија Милевска
