57% од граѓаните имаат пари само за храна и облека
Наместо да позајмуваат пари од роднини за итни потреби, голем е бројот на оние што посегнуваат по брзите кредити. Најчесто се бараат позајмици од 30 до 120 илјади денари. Се одобруваат само со лична карта, а каматите достигнуваат до пет насто...

Над половина од нацијата во државава остварува ниски приходи и има доволно пари за храна и облека, но нема можност за заштеди. Според истражувањето на ТИМ институтот, 12 проценти од граѓаните немаат средства да си ги обезбедат потребните оброци. Ако останат без финансиски извори, дури 35 проценти се изјасниле дека со она што го имаат во џебот ќе може да живеат максимум до еден месец.
Наместо да позајмуваат пари од роднини за итни потреби, голем е бројот на оние што чаре бараат во брзите кредити. Кај финансиските друштва се изјасниле дека со позајмиците покриваат за лекување, купување техника, поправки во домот. И покрај тоа што пари им се потребни, мал дел од грѓаганите се финансиски едуцирани за безбедноста да ги користат расположливите услуги на пазарот надвор од банкарскиот сектор.
Најчесто кеш позајмици се бараат за сума од 30 илјади до 120 илјади денари. Се одобруваат само со лична карта, електронски, во рок од 24 часа, а каматите достигнуваат до пет насто.
Процентот на кредитоспособно население што го сервисираат финансиските друштва изнесува шест насто. Во вкупното протфолио на кредити, овие небанкарски субјекти учествуваат со само 0,44 проценти. Во земјава работата 26 финансиски друштва.
Сузана Фиданска- Стоевска
