Северна Македонија не побарала финансиска помош од ЕУ за градење кампови за мигранти
Во овие години заедно постигнавме многу. Целта е да го видиме ова соседство како членка на ЕУ, рече еврокомесарот за внатрешни работи и миграции Аврамопулос на министерскиот форум ЕУ- Западен Балкан. И покрај сите препреки со кои се соочуваме на нашиот пат кон Унијата, сепак, земјата не отстапува од европскиот курс, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски.
Северна Македонија не побарала финансиска помош од Европската унија за градење кампови за мигранти и бегалци, рече еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос по завршувањето на министерскиот форум за правда и внатрешни работи на ЕУ- Западен Балкан.
Претставниците на земјите од Западен Балкан и од Европската комисија ја утврдиле потребата за зголемување и обезбедување соодветни капацитети за сместување бегалци и мигранти во овие земји. Покрај мигрантската политика, значајно е обезбедувањето на границите и соработката на овој план.
Засега немаме проблем со миграциските текови, но треба да бидеме подготвени ако случајно има пораст на незаконската миграција- појасни министерот Спасовски.
Јакнењето на заедничките вредности, владеењето на правото и заштитата на безбедноста на граѓаните е од клучна важност, оцени финската министерка за внатрешни, земја претседавач со Унијата. Ние имаме јасна политика, дополни, иднината на земјите од Западниот Балкан е во рамки на ЕУ.
Министрите разговарале и за борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.
Наташа Гркова- Петрушевска
