Расправа за законот за правата на заедниците

19.11.2019 15:39

Претставниците на заедниците побараа поголема отвореност на Агенцијата за проекти во областа на образованието на мајчин јазик, културата и рамноправната застапеност во администрацијата.

Законот за правата на заедниците треба да овозможи унапредување на положбата на граѓаните кои се застапени под 20 насто од населението. Тоа значи ефикасна Агенција за зголемена соработка со државните институции и невладиниот сектор. Според претставникот на владата се зголемува финансиската поддршка на проектите. 

Претставниците на заедниците побараа поголема отвореност на Агенцијата за проекти во областа на образованието на мајчин јазик, културата и рамноправната застапеност  во администрацијата.

Новиот закон е усогласен со Рамковната конвенција за малцински и регионални јазици, а се донесува како замена на постојниот Закон за унапредување и заштита на правата на етничките заедници.   

 

Игор Панов