Ракомет

Тешка, но победа си е победа

04.03.2014 20:41

Екипата на Металург ја прекина серијата од три порази во Сеха и славеше над Војводина со 29-27.

Ако до пред некое време прашање ќе беше само со колку разлика е победен противникот, вечерва во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје екипата на Маталург до последните моменти на мечот го кршеше отпорот на српскиот шампион и славеше минимално во драматична завршница. На 60 секунди до крајот Металург имаше само гол предност откако на 5 минути водеше со солидни 27-24, но дозволи Војводина да се врати и да внесе резултатска неизвеснист како што беше и во најголемиот дел од средбата.

До 20 минута гостите го диктираа резултатот, најчесто со 2 гола предност, со серија од 3-0 Металург се врати и на одмор замина со 15-14. Без Атман и Вугринец македонскиот вицешампион имаше проблеми во нападот , но го контролираше резултатот иако Војводона постојано се враќаше. Станиќ одлично бранеше во најголемиот дел од натпреварот и забележа 12 интервенции, но славата одново ја однесе Митревски со 2 клучни одбрани во финишот. Миркуловски и манасков беа најефикасно во победничкиот состав си по 6 голови.

Со 3-те нови бода Металург се израмни со Вардар  на 4-тото место на Сеха табелата, но и натаму е без обезбедено учесто на завршниот турнир на надобрите 4 екипи во регионалното натпреварување. Следен предизвик  на металурзите ќе им биде Брест Мешков, в недела во Скопје, но и со победа нашиот претставник во Сеха,  за пласман на фајнл-фор  турнирот ќе зависи од другите резултати во завршните 3 кола.