УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Ден на детето

20.11.2019 09:22

Детските права се духовното богатство на секое дете и тие немаат граници. Онаму каде што започнува светот со граници , таму престанува детството.

Децата се осoбeна група  луѓе. Без нив не може да се замисли животот на оваа планета. Децата се нашата иднина.Тие се народ кој никогаш не извел никаква револуција или контрареволуција, ниту, пак, започнал некаква војна.

Децата најмногу страдаат во воените судири и во човековите трагедии. Секое дете има свој замислен свeт во којшто владее хармонија, свест и детска фантазија. Секој туѓинец што ќе се обиде да го наруши тој свет, му станува непријател на детето.

Детските права се духовното богатство на секое дете и тие немаат граници. Онаму каде што започнува светот со граници , таму престанува детството.

Мотото на сите деца гласи:

Децата се само деца, сите идеали во светот се безначајни пред солзите на едно дете.

Секој 20-ти ноември се слави Денот на детето. Целта на овој ден е да се потсетиме на сите тешкотии со кои се соочуваат децата во светот и да размислиме за тоа како да им помогнеме. Светската организација за подобро детство ги потсетува државите, невладините организации и институциите дека сè уште има деца што живеат во лоши услови, а тие имаат влијание врз нивниот раст и развој во животот. На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.

Секое дете има свои желби, соништа, своја страст, почитувајте ги!

 

Подготви                                                                                                          

Радмила Гиевска