Заев: Притворот за мене е казна
Јас не ја знам основата за одлуката на судот, но секој пат останувам конзистентен на моите политики, и политиките на целата оваа Влада. Верувам во ефикасни судски процеси каде што е утврдена вината и си носи одговорност осомниченото или обвинетото лице. Јас верувам дека притворите од 60, 90, 100 дена... тоа е казна, изјави премиерот Заев за МТВ...
Верувам во ефикасни судски процеси, каде што е утврдена вината, и си носи одговорност осомниченото или обвинетото лице, изјави премиерот Заев за МТВ на дебата за буџетот.
„Јас не ја знам основата за одлуката на судот, но секој пат останувам конзистентен на моите политики, и политиките на целата оваа Влада. Се борев со нашиот народ да притворот не биде казна и без разлика дали се работи за Катица Јанева за Груевски, за било кој во општеството, верувам во ефикасни судски процеси каде што е утврдена вината и си носи одговорност осомниченото или обвинетото лице. Јас верувам дека притворите од 60, 90, 100 дена... тоа е казна“, изјави премиерот Заев.
Според него, ветинг дефинитивно треба да има за политичарите, за МВР, за правосудството, и тоа е процес што ќе се применува.
