Сточарство

Продолжено пријавувањето за субвенции за млеко

20.11.2019 10:27

Сточарите кои го предале млекото од мај до септември 2019 година за да ги добијат субвенциите барањата треба да достават најдоцна до 22-ти ноември. Финансиската поддршка изнесува 4,5 денари за литар овчо и козјо и 3,5 денари за кравјо млеко.

Млекопроизводителите добија дополнителни 15 дена за да можат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2019 година.

Висината на поддршката е 4,5 денари за овчото и козјото и 3,5 денари за кравјото млеко.

Барањата се поднесуваат електронски најдоцна до 22-ти ноември на веб страницата на платежната агенција или со помош од подрачните единици на Министерството за земјоделство и советодавната агенција. Досега за предаденото млеко од предходните фази, на сметките на млекопроизводителите се исплатени вкупно 153,4 милиони денари .

До  22-ти ноември истекува ирокот за поднесување на барањата за финансиска поддршка  во живинарството за амортизирани несилки, заклани во регистрирани кланични капацитети, исто така од мај до септември годинава.

Висината на поддршката е 125 денари , а барањата се поднесуваат во Платежната агенција.   

 

Методија Трајков