ВМРО- ДПМНЕ: Ова не е правна држава

20.11.2019 10:29

Според нив, нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството, од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот „Рекет“.

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ во врска со одлуката на Апелацискиот суд за куќниот притвор на Јанева.

Според нив, нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството, од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот „Рекет“.

Повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценарио на спогодување со вмешаните во аферата, за да не се открие врската со главата на октоподот Зоран Заев. Ова не е правна држава, стои во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.